Најнови снимки од Косово – Србите поставија шатори, ќе го бранат докрај Дејан Пантиќ, татко на три деца

Шатори поставени на дожд и во зима – е последната слика која доаѓа од Косово. Таму, Србите на север поставија барикади во знак на протест против апсењето на Србинот Дејан Пантиќ, кој беше интегриран припадник на косовската полиција, јавува српски Телеграф.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборуваше за тензиите предизвикани од влезот на припадниците на РОСУ на северот на Косово и Метохија. Вучиќ во обраќање до нацијата изјави дека Белград ќе испрати барање до КФОР да дозволи  распоредување на српска војска на Косово.

Барањето за распоредување на армијата и полицијата според српскиот претседател е „во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Advertisements

Тој изјави дека во Резолуцијата „недвосмислено се наведува дека ова барање мора да се прифати“, и оти таа „потврдува дека на српската војска и полиција ќе им биде дозволено да се вратат на територијата на Косово за да извршуваат одредени функции“. Според него не станува збор за можност, туку за обврска на КФОР да го озвоможи тоа.

– Денеска е уапсен Дејан Пантиќ, татко на три деца. Тој до неодамна беше полицаец на косовската полиција. Тој беше обвинет за тероризам од таканаречениот министер за внатрешни работи и некои други. За нив тероризам беше кога се обидоа да ја окупираат полицијата и специјалната полиција, а Дејан Пантиќ направи страшно злосторство, страшен тероризам, само што тие не знаеја. Живее во таа зграда каде што е комисијата и носеше леб во станот каде што живее со сопругата и девојката. Вечерва разговарав со неговата сопруга и реков дека ќе се погрижиме – изјави Вучиќ.

ФОТО: Телеграф