Хирурзи од Њујорк успеаја прв пат да пресадат око на човек кој доживеал струен удар

Хирурзите од NYU Langone Health во Њујорк ја извршија првата трансплантација на цело око во светот, откритие за кое многумина мислеа дека е невозможно.

Пациентот Арон Џејмс (46), кој е воен ветеран од Арканзас, не гледа во пресаденото око, но и покрај тоа, операцијата ја смета за успешна.

„Морате да започнете некаде и се надеваме дека ова ќе предизвика понатамошни операции“, рече тој.

Advertisements

Во 2021 година, Арон Џејмс доживеа струен удар додека работеше на висок напон. Неговото лице случајно допрело жица под напон, предизвикувајќи разорни повреди, вклучително и губење на левото око, носот и усната. Останала само коската на левиот образ и брадата. Поголемиот дел од неговата лева рака била соголена до коска.

Операцијата, која беше извршена во мај, траеше 21 час и бараше експертиза од повеќе од 140 хирурзи, медицински сестри и други здравствени работници.

Заедно со трансплантацијата на око, беше извршена и делумна трансплантација на лице , која сè уште е неверојатно ретка процедура, со помалку од 50 трансплантации на лице ширум светот од првата таква операција во 2005 година.

Даниел Пелаез од Институтот за очи Баском Палмер на Универзитетот во Мајами, кој исто така работи со тимот, рече:

„Трансплантацијата на човечко око претставува клучен момент во нашата заедничка потрага да го вратиме видот и нуди надеж за безброј поединци ширум светот“.

Со оглед на времето што помина од операцијата, тој не смета дека е веројатно окото на Џејмс да го врати видот, но „Никогаш не велам дека нешто е невозможно“, додаде таа.

Тимот од NYU Langone рече дека користеле матични клетки добиени од коскената срцевина за да промовираат регенерација на нервите.

Постигнувањето на целта за реставрација на видот би можело да вклучи и други најсовремени пристапи, вклучително и генска терапија за поттикнување на способноста на оптичкиот нерв да заздравува; користење на уред наречен нервна обвивка за заштита на ткивото и слично.

„Постигнуваме голем напредок во третманите за промовирање на регенерација на оптичкиот нерв што може да ја придружува трансплантацијата на окото“, изјави  Џефри Голдберг, кој води слични напори во Институтот за очи „Бајерс“, на Универзитетот Стенфорд.