Само во овој маркет: Табла јајца се продава за 199 денари

Добри вести за граѓаните – цените на јајцата во дел од маркетите низ Македонија значително се намалени. Во последните денови, табла јајца може да се најде и за околу 200 денари, што е забележително поевтино во споредба со периодот кога цените достигнуваа рекордни нивоа.

Според информациите од трговците, намалувањето доаѓа по стабилизирањето на понудата и зголемената конкуренција меѓу маркетите. Граѓаните веќе забележуваат промени на рафтовите, а дел од акциските понуди привлекуваат голем интерес.

„Пред неколку месеци плаќавме многу повеќе, а сега конечно може да се најде табла јајца по прифатлива цена“, коментираат купувачи.

Во моментов, просечната цена на табла јајца во маркетите изнесува околу 279 денари, додека само во маркетите „Spar“ може да се најде промотивна понуда од 199 денари за табла, што предизвика голем интерес кај потрошувачите.

Во зависност од брендот и големината, цените варираат, но токму акциската цена во „Спар“ важи за една од најниските во последниот период.

Економските аналитичари велат дека намалувањето на цените е резултат на подобрени услови во производството и стабилизирање на трошоците за храна и транспорт.

Advertisements

Граѓаните се надеваат дека трендот на поевтинување ќе продолжи и кај останатите основни прехранбени производи.