Петрушевски: Тендерот за хигиена во Царина се местел преку Вибер пораки

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводен криминал и корупција поврзани со Царинската управа во времето кога со неа раководеше Стефан Богоев.

Според партиските информации добиени од свиркачи, поранешниот директор на Царина ја договарал сумата за местење на јавната набавка во директна комуникација со претставник на фирмата која го добила договорот.

„Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари“

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека наводната вибер конверзација се водела со лицето Александар Спирковски – Џемо, кој ја застапувал фирмата за одржување хигиена на граничните премини и терминали и кој договорил конкретни финансиски транши.

Опозицијата јавно побара одговори за вкупната сума која требало да биде исплатена за овој тендер, повлекувајќи паралели меѓу дејствувањето на поранешното раководство на СДСМ и актуелните партиски функционери.

На крајот од своето обраќање, Петрушевски истакна дека ваквите афери го покажуваат вистинското лице на опозициската партија и додаде дека матрицата на скандали и провизии останува непроменета.

Advertisements