Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче? Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал. Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС.
Го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари?
Почитувани,
Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент.
Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС, изјави пратеникот Петрушевски.



