Македонија тагува: Почина наставничка која остави белег во многу генерации

Тажна вест пристигна од ООУ „Наум Охридски“, каде што со длабока жал ја соопштија смртта на нивната колешка Виолета Ѓорѓиевска, наставничка по музичко образование.

Од училиштето истакнаа дека Виолета Ѓорѓиевска ќе остане запаметена по својата посветеност, професионалност и човечност, оставајќи неизбришлива трага меѓу учениците, колегите и сите што ја познавале.

„Нејзината посветеност, професионалност и човечност ќе останат трајно врежани во спомените на сите кои имаа чест да работат и да се дружат со неа. Зад себе остави неизбришлива трага во нашето училиште и во срцата на учениците, колегите и пријателите“, стои во објавата на колективот.

Во овие тешки моменти, нејзините колеги изразуваат искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските.

„Нека почива во мир, а споменот за неа нека живее вечно“, порачуваат тие.