Компанијата „Лидл Србија“ ги извести потрошувачите за итно повлекување на производот „Органски замрзнати јагоди 300 грама“ со рок на употреба 18.08.2027 година, поради можен ризик од присуство на норовирус.
Од компанијата соопштија дека потенцијалниот проблем бил откриен при рутинска контрола на квалитетот.
Консумирањето на производот од оваа серија може да предизвика инфекција проследена со симптоми типични за стомачен вирус, како што се мачнина, повраќање, дијареја и болки во стомакот.
„Лидл Србија“ ги повика сите граѓани кои го купиле производот да не го консумираат и да го вратат во која било продавница на синџирот.
Повратот на средствата ќе биде извршен дури и без приложување фискална сметка.
Од компанијата нагласуваат дека повлекувањето се однесува исклучиво на „Органски замрзнати јагоди 300 г“ со рок на употреба 18.08.2027 година, додека останатите производи и други серии не се засегнати од ова предупредување.



