СДСМ по поразот на локалните избори во 2021 година е веќе консолидирана партија, која ги гради своите политики во рамки на официјалните тела и е вратена на победничките патеки, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес конференцијата на која се најави нова инвестиција во ТИРЗ Штип.
Консолидацијата, посочи Ковачевски, се потврдила преку големиот број трибини, вкупно 79 низ цела држава и со победата на изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше и подобрените резултати на изборите за советници во Општина Тетово.
Во однос на наводите за пуч од Зоран Заев во СДСМ, Ковачевски, рече дека не сака да ги коментира, со оглед дека и самиот поранешен претседател на СДСМ и премиер ги демантирал.