Премиерот тврди дека цените на месото паднале до 12 отсто

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде, кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува, што значи дека мерките кои Владата ги презема вродиле со плод.

Ковачевски истакна дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Advertisements

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.