Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со британскиот премиер Риши Сунак за време на ненадејната посета на Лондон. Предвидено е Зеленски да им се обрати на британските пратеници и да се сретне со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата.
„Велика Британија беше една од првите земји од кои дојде помош за Украина. Дојдов во Лондон лично да им се заблагодарам на граѓаните на Британија за нивната поддршка и на премиерот на оваа држава“, напиша Зеленски на Инстаграм по пристигнувањето во главнито град на Велика Британија.
View this post on Instagram
Британскиот премиер Риши Сунак на Твитер објави фотографија на која се поздравува со Зеленски. „Добредојдовте во Обединетото Кралство“, напиша Сунак на социјалната мрежа.
Welcome to the UK, President @ZelenskyyUa.
???? #SlavaUkraini pic.twitter.com/rMoBTC3ken
— Rishi Sunak (@RishiSunak) February 8, 2023
Зеленски, според соопштението на британската влада, доаѓа во време кога властите во Лондон најавуваат планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина. Велика Британија, исто така, го забрзува и испраќањето на воена опрема во обид да им даде предност на украинските сили на бојното поле и да ја ограничи способноста на Русија да таргетира цивилна инфраструктура.