(ФОТО) Мајката ја спасија, злокобната вест стаса подоцна – ќерката на маестралниот турски актер ја најдоа мртва

Славниот турски театарски актер Орхан Ајдин на својот профил на социјалните мрежи објави дека не може да ја најде својата ќерка во Хатај, по земјотресите од 7,7 и 7,6 во Караманмараш,Турција.

Тој објасни дека неговата ќерка и поранешната сопруга Елиф Торун Онерен биле под урнатините и дека побарале помош споделувајќи ги информациите за местото каде што биле.

Подоцна, поранешната сопруга на Орхан Ајдин беше пронајдена под урнатините. Среќната вест ја соопшти актерот:

Advertisements

„Ја извлекоа мајката на моето дете, Елиф Торун Онерен, од урнатините… На ред е ќерка ми… моето единствено постоење, толку многу боли (ајде, драга моја, да се спротивставиме). Плачам за мојата земја. Само солидарноста ќе не спаси“, напиша славниот актер.

Горката вест стаса утрото – безживотното тело на Ејлем Ајдин, беше под урнатините, пронајдено на 6-ти ден од земјотресот.