(ВИДЕО) Шокантна теорија за земјотреси – првиот човек на вселенската агенција во Турција ја запрепасти јавноста

Постојат системи за оружје кои работат на принцип на лансирање долги метални столбови од вселената, кои потоа се забиваат длабоко во земјата и предизвикуваат земјотреси, ова тврдење кое предизвика лавина реакции го искажа Сердар Хусеин Јилдирим, првиот човек на Вселенската агенција на Турција.

„Не можете да направите ништо во просторот од вселената до Земјата. Особено во земји како нас. Ништо! Дозволете ми да ви дадам пример. Ова го велам затоа што сум ги видел како работат на таков систем на оружје, и тоа е многу едноставно. Ги знаете тие улични столбови, улични светла. Тие се слични на овие столбови, високи околу 8-10 метри. Ги ставаат во сателитот. Извесна количина. А потоа ги таргетираат и ги лансираат на Земјата“, рече Јилдирим.

Advertisements

Тој објасни дека тоа е како колец, остар врв.

„ Не дај Боже, ако падне некаде, но штом ќе удри во земјата продира до 5 километри длабоко во земјата. Се случува многу брзо и создава земјотрес со јачина од 7-8 степени по Рихтер. По ударот, се ќе биде уништено. Гледате, нема оружје, нема експлозиви, нема бомби, ништо слично. Но, има таква сила доаѓаат од вселената и немате шанса да го видите, да го спречите или да се браните“, вели Јилдирим.

Со оглед на тоа што ова видео предизвика многу реакции Јилдирим објaсани дека неговиот говoр бил пред извесно време и накако не е поврзан со трагедијата која се случи на југот на Турција. Тоа беше природна катастрофа вели тој.