На северот на Грција се случи тешка железничка несреќа бо која загинаа најмалку 32 лица, а повеќе од 80 се повредени. Спасувачите работеа неуморно во текот на ноќта за да ги спасат заглавените патници во патничкиот воз во кој во моментот на несреќата превезувал 350 луѓе.
„Судирот беше ужасен. Ноќта е ужасна, сцените тешко е да се опишат“, рече по несреќата Костас Агорастос, регионалниот гувернер на регионот Тесалија.
„Тоа беше огнена ноќна мора од 10 секунди, едвај да можеше нешто да се види од чадот“, рече 28-годишниот Стергиос Минениц, кој успеа да се спаси од патничкиот воз.
A head-on collision between two trains in #Greece has left more than 30 people dead. Dozens of others have been injured in the incident. pic.twitter.com/LYmRmB74Qd
— Iran Daily (@IranDailyWeb) March 1, 2023
За време на судирот, пожар избувнал во неколку вагони, во кои биле заробени патниците. Оние што успеаја да се спасат беа пренесени во болница, многу од нив претрпеа сериозни изгореници.
„Бевме во вагонот додека не се преврте. Тогаш настан паника, изби пожар. Оган имаше секада околу нас“, рече Минис, кој додаде дека тој и други патници успеале да се спасат скокајќи од вагонот.
Друг патник изјави за локалните медиуми дека судирот го потсетувал на земјотресот. „Судирот беше насилен“, рече за државната телевизија Костас Агорастос, регионален гувернер на регионот на Тесалија. „Ова е ужасна ноќ. Тешко е да се опише сцената“, рече тој.