Милошоски: Незаконски управен акт не застарува, во БиХ случај ист како Барлет Џафери го решија!

Пратеникот Антонио Милошоски вечерва им порача на претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, на директорката на академијата за судии Наташа Габер и на новиот министер за правда Кренар Лога, да не го заборават правилото дека незаконитоста на управен акт, како правосудниот испит на Барлет Џафери, не застарува и истиот е ништовен.

Милошоски потсетува на случај актуелен во БиХ за докторката Себија Изедбеговиќ која немала регуларна магистерска (како Барлет Џафери) па сега ѝ е одземена таа титула, со самото тоа не може да има докторат и веќе нема да биде професорка на факултет.

„Во Босна актуелен е случајот со Др Себија Изетбеговиќ, поставена за директорка на Клиничката болница кога нејзиниот сопруг Бакир Изетбеговиќ беше член на Претседателството на БиХ. По пријава од обвинителството и Државниот управен инспекторат овие денови Универзитетот во Сараево утврди дека д-р Себија немала регуларна магистерска диплома (исто како Барлет Џафери што нема регуларен правосуден испит), па затоа сега ѝ е одземена магистерската титула.

Advertisements

Со оваа одлука таа не може да има ниту докторат и повеќе нема да биде професорка на факултет. Со овој случај Босна покажува дека е држава во која владеењето на управното право се почитува, за разлика од состојбата во Македонија. Се надевам дека овој медиумски прилог ќе го прочитаат претседателката на ДКСК г-ѓа Ивановска, директорката на академијата за судии г-ѓа Габер и новиот министер за правда г-н Лога, за да не го заборават правилото дека незаконитоста на управен акт, како правосудниот испит на Барлет Џафери, не застарува и истиот е ништовен!“, порачува Милошоски.

И навистина кога ќе го прочитате случајот на сараевската докторка ќе видите многу сличности со македонскиот случај со синот на собранискиот спикер Талат Џафери, но сепак со една огромна разлика – во Сараево случајот е решен, правдата е задоволена, а во Македонија сите креваат раце, антикорупционерите велат немале правни механизи, иако немаат аргументи да не го истераат до санкционирање прекршувањето на законот од страна на синот на собранискиот претседател.

Себија Изетбеговиќ, на која Сенатот на Универзитетот во Сараево на 6 март и ја поништи магистратурата, а со тоа и титулата доктор на медицински науки, може да продолжи да работи како доктор, но не и како професор на Медицинскиот факултет.

„Сенатот оцени дека таа „не ги исполнила сите испитни обврски на постдипломските студии на Медицинскиот факултет во Сараево“ Одлуката на Сенатот треба да ја спроведе Медицинскиот факултет.

Одлуката е донесена откако Комисијата, која ја формираше Универзитетот, не можеше да потврди дека Изетбеговиќ положила дел од испитите на постдипломските студии во Загреб, а тие испити и биле признати во Сараево, каде што ги продолжила студиите“, пишува Слободна Европа.

Целиот текст за сараевската професорка може да го прочитате на следниов линк.

Неодамна пратеникот Антонио Милошоски по изјавата на претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска дека државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале случаите како што е оној на со Барлет Џафери, реагираше дека таквата изјава се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Џафери е претседател на Собранието, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.

Според него решението е во Законот за општа управна постапка (ЗОУП).

„Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда. Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж“, пишува на својот фејсбук профил Милошоски.

Според него решението на овој „правен и политички скандал со Барлет Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка“.