Груби: Греота e од Бога да му го правите ова на Али Ахмети, кога тој има побарано функција?

Греота е од Бога да му го направите ова на Али Ахмети, изјави Груби пред граѓаните на Чаир во Албанскиот театар порачувајќи дека е потребно единство и помирување кај интегративците кои ги тресе раздор со оформувањето на „огнената група“.

„Сега кога сме во највисокото ниво на владеење на единство на Албанците, аздисуваме, велиме тргнете го тој ставете друг, греота е од Бога се колнам. Греота е за секој од нас, да не зборуваме за Али Ахмети. Кога Али Ахмети сакал функција, кога тој посакал да стане претседател на Собранието, премиер или претседател на државата“, вели Артан Груби, објави ТВ21.

Advertisements