Срамно интервју на Артан Груби за косовска ТВ – за Македонците збори како да му се непријатели, а не сограѓани!

Груби за Македонците збори како да му се непријатели, а не сограѓани, вели младиот правник Умејр Муамеди и учесник на протестите против францускиот предлог кој на Фејсбук го коментира гостувањето на вицепремиерот Артан Груби на косовска телевизија.

Македонија и официјално нема премиер односно има „британска кралица”. Премиер а де факто Артан Груби“, коментира Муамеди.

„Го следам Артан Груби во Косовската телевизија „РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува Македонците како фобична нација , триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на Албанците ниту во прилог на Македонците, а на штета на сите). Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.

Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е премиер. Македонија и официјално нема премиер односно има „британска кралица”. Премиер а де факто Артан Груби“, пишува младиот правник Умејр Муамеди.