Се тргна превезот на тајност од одлуките за воена помош на Украина – откриени детали за донациите

Министерката за одбрана Славјанка Петровска информираше дека е исполнето ветувањето дадено пред јавноста и дека вчера е извршена делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина.

Во гостување синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21 , Петровска информираше дека декласификацијата се однесува на видот на опрема која е донирана со шест одлуки за донација на воена помош за Украина.

„Донациите се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, коишто веќе еднаш ги потврдивме, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства“, рече Петровска.

Advertisements

На прашањето дали станува збор за нова опрема, министерката за одбрана истакна дека тоа е опрема од источно производство и дека истата не била дел од формацијата на Армијата.