АКО СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ Ќе се зголеми повратот од ДДВ

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните,по усвојувањето на законските измени лимитот ќе се зголеми на 2.100 денари, најави директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.

„Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро“, рече Лукаревска.

Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно.

Advertisements

„Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата“, рече Лукаревска.