Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтина тарифа на струјата.
„Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани“, рече Бектеши.