Белгиската компанија се сели во Македонија, ги привлекле малите плати на работниците

Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки. Компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот.

Оваа вест ја објавија повеќе белгиски медиуми и специјализираните веб страници за автобуски превози и производство на автобуси.

Во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три години, до 2027, а производството на автобуси ќе се префрли речиси целосно во фабриката во Македонија, крај Скопје. Една од важните причини е што платата на вработените во овдешната фабрика на „Ван Хол“ е за околу три пати помала од онаа на белгиските работници.

Advertisements

Во соопштението за печатот „Ван Хол“ ја објави „својата намера стратешки да ги рефокусира своите активности кон пазарните сегменти каде што клиентите свесно го избираат високиот квалитет на производите на ‘Ван Хол’“.