Бислимоски најавува нов пад на цените на горивата

Цената на горивата вечерва од полноќ повторно ќе паднат, соопшти денес на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ), Марко Бислимоски.

Согласно најавите на првиот човек на РКЕ, цената на дизелот ќе падне за 1,5 денар, и ќе изнесува 78 денари, цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе падне за 1,5 денар, додека ЕУРОСУПЕР 95 ќе поевтини за 1 денар.

Изминативе неколку недели, вели Бислимоски, цените се паднати за 30 денари.

Advertisements

„Изминатите две до три недели, пред сè поради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на нафтените деривати за повеќе од 30 денари. Тој тренд продолжува и денес. И денес ќе има намалување на целата за дизелот за еден и пол денар, и на 98 за еден и пол, а на деведесет и петката за еден денар“, рече Бислимоски.