Битиќи: 30 години намерно се правени пропусти во изградбата на патиштата

„Кога правевме анализи воочивме дека во нашата држава, во изминатите 30 години намерно се направени пропусти и во проектирање и во начинот на изведување, на избор на изведувачот, дури и компаниите кои што се појавувале вообичаено, критериумот најбитен бил најниска цена. Но, нема ниту еден случај во кој што тоа што е договорено е завршено со истата цена. Сите се завршени со суми далеку над првичните цени“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“,  одговарајќи на новинарско прашање за изградбата на коридорите 8 и 10д.

Тој додаде дека ниту еден од проектите не е завршен во временски период кој што бил предвден првично, бидејќи во сите проекти имало низа пропусти.

„За квалитетот можеме да дискутираме затоа што ние се возиме по одредени делници кои што се изградени во минатото и кои што се градат во овој момент. Ние мораме еднаш засекогаш да кажеме дали треба да се возиме по квалитетни и пред се безбедни и навремено во временски период кој што граѓаните заслужуваат да го добијат“ рече Битиќи.

Advertisements