Битиќи: Над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштијата

Над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштијата и добиваат пензии повисоки од 14.000 денари, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за порталот „Фронтлајн“.

„Ветивме зголемување на минималната плата и тоа го испорачавме. А во 2024 година ќе биде поголема и ќе биде 20.000 денари. Просечната плата уште сега е 33.200 денари, една година и половина пред завршувањето на мандатот и порано од ветеното, зголемени пензии за десет проценти за една година и уште 6-7 во наредната година во март, и она што досега не сме го објавиле е дека над 35.000 пензионери ги извлековме од прагот на сиромаштија и добиваат пензии повисоки од 14.000 денари и сето тоа за една година. Е тоа е успех“, вели Битиќи.

Зборувајќи за нивото на странски инвестиции во земјава, споредувајќи ја ситуацијата со времето кога премиер беше Никола Груевски, истакна дека со нула трошоци за промоција државата поддржува 650 компании.

Advertisements

„Се сеќавате ли дека до пред само шест години, до 2016 година имаше роуд шоуа низ целиот свет, а само вкупно 15 беа донесени во државата, но за тоа беа потрошени 250 милиони евра. Ние со нула трошоци за промоција, во овој момент имаме 630 компании кои ги поддржуваме, 97 проценти македонски и 3 проценти странски. Така се сака татковината, тоа е она што треба да го прави една власт“, рече Битиќи.