Битиќи: Септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката

Во завршна фаза сме со договорот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“,  грчката компанија побара уште малку време за финиширање на деталите за изградбата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „Вин Вин“, на телевизија Телма.

„Знаеме дека таа компанија е со државен капитал, ќе имаат избори во Грција и побараа тоа да не се совпадне со тамошните избори. Со Чебрен сме многу блиску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е една милијарда евра. Дополнително, ќе имаме уште две стратешки инвестиции во енергетиката“, рече Битиќи.

Тој додаде дека овие инвестиции ќе бидат инвестиции во обновливи извори и наскоро можат да се најдат во Собранието.

Advertisements

„Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката. Тоа се приватни инвестиции што влегуваат во нашата земја. Го црпиме оптимизмот во овие бројки“, истакна Битиќи.