Битиќи: Увозот на работници е решение за забрзан економски раст

На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „Zoom in“ на регионалната телевизија Bloomberg Adria, на која говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја.

Битиќи истакна дека веќе е дојдено време да јсе отвори дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд.

Битиќи вели дека додека се работи на доквалификација и преквалификација на одредена група невработени во Македонија за истите да се прилагодат на потребите на пазарот, дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

Advertisements

На прашањето на Bloomberg Adria  зошто работници не се бараат во 14 отсто невработени, односно зошто компаниите од овде не може да пронајдат квалификувана работна сила, вицепремиерот Битиќи посочува дека примарно работната сила се бара од тие кои се активни баратели на работа, но констатација на сите е дека сè уште имаме недосток на работна сила, но и во некои сектори специфично квалификувана работна сила.