Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, отвори прашање за состојбаta со продуктоводот на ОКТА, посочувајќи дека Владата предвреме го претставила во јавноста дека функционира, иако, според него, системот во реалноста не работи поради сериозни технички проблеми.
„Беа направени сите припреми за пуштање на нафтоводот кој, во меѓувреме, оваа Влада најави дека е пуштен, но во реалноста не е пуштен, во реалноста не функционира затоа што технички не можат да го пуштат поради сериозни технички проблеми“, рече Битиќи во гостување во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.
Со оваа изјава Битиќи директно ја проблематизира пораката што премиерот Христијан Мицкоски ја испрати на 4 април, кога, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со нафтените деривати, изјави дека е добро што е пуштен нафотоводот, притоа додавајќи дека преку него државата има дополнителна сигурност во снабдувањето.
„Добар потег беше што го пуштивме и нафтоводот, бидејќи тој директно ја поврзува рафинеријата со пристаништето во Солун. Во самата цевка имаме уште за 60-тина дена, плус за 62 дена што ги имаме во резерви. Затоа велам, во моментот не гледам опасност од количините, што е прв приоритет“, рече Мицкоски.


