БРАВО за КАМ – третпат годинава ги зголемува платите на вработените, основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари

„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач за изминатата година, третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје. Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29% повисока од законската минимална плата, односно изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000 . Дополнително, компанијата континуирано нуди обука за оние кандидати кои немаат искуство во трговија. 

„КАМ“ во континуитет го држи првото место меѓу маркетите, со исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци. Новото зголемување е дел од стратегијата на компанијата, каде што грижата и развојот на човечкиот капитал е еден од најважните приоритети.

Неодамна „КАМ“ ја прошири и листа на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор на 37.600 денари и воведе колективно осигурување за сите вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработени чие живеалиште е оддалечено повеќе од 5 километри од маркетот во кој работат. Оваа листа веќе опфаќа значителни придобивки, како што се слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн.

Advertisements

– Растот на платите во нашата компанија е континуиран процес, на кој остануваме посветени. Се фокусираме и на професионалниот раст и задоволство на вработените кои имаат огромен удел во севкупната слика на нашата компанија  – велат од „КАМ“.

Центарот за обука на „КАМ“ континуирано реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со 8 средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата. Дополнително, почнат е процес за реализирање пракса за студенти.