Цените на овие прехранбени производи ќе се замрзнат, ако производителите не ги намалат маржите

По замрзнувањето на цената на лебот, на млечните производи и на тестенитните, претстојната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јајцата и оризот, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат цените.

„Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јајцата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат“, рече Бектеши.

Advertisements