Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 17.1 %, објави Државниот завод за статистика.
Во дадениот период, најголемо зголемување на цените се бележи кај групата на храна, каде индексот се зголемил за 23.3%, додека алкохолните пијалоци бележат раст од 11,2%. Цените на безалокохолните пијалоци се зголемиле за 18%, а ноќевањата бележат најнисок раст, односно се зголемиле за 4.2%.
Според најновите податоците на статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022 година, во споредба со октомври 2022 година, е зголемен за 0.1 %. Зголемување се заблежува кај храната за 0.1%, алкохолните пијалоци за 0.5% и безалокохолните пијалоци за 0.1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11.9 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 10.4 %, соопштуваат од Државниот завод за статистика.