„Чебрен и водите мора да бидат македонски“ – инженерите бараат Владата да ја преиспита одлуката за грчката концесија

Инженерите од сите македонски градови изразуваат своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон се вели во информација од Здружението од инженери и повикот за протест.

– Со оваа манифестација на незадоволство на македонските инженери, Владата треба да ја преиспита и да ја повлече вака донесената штетна одлука и да не пристапува кон склучување на Договор со било која странска или домашна компанија за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија и управување со водите.

Реверзибилната хидроцентрала „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата и е од стратегиско значење за енергетската независност на Македонија. Таа со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во поголем процент енергетски независна после 2028 година, кога поради „Зелената транзиција“ треба да престанат со работа РЕК Осломеј и РЕК Битола.

Манифестацијата на незадоволство ќе се одвива пред главните обележја на градовите – општините, а скопјани ќе се соберат кај Камениот мост. Солидарно со инженерите, во спречувањето на овој злочин чиј последиците ќе ги трпиме ние и нашите поколенија, незадоволството ќе го изразат и сите други наши сограѓани по градовите – општините. Како симбол на заштитата на македонските води, како национално богатство, на местата на собир, инженерите ќе остават шишиња со вода“, се наведува во соопштението.

Advertisements

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ ПОМОГНЕТЕ НИ НАМ ИНЖЕНЕРИТЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ОВОЈ ЗЛОЧИН ЧИИ ПОСЛЕДИЦИТЕ ЌЕ ГИ ТРПИМЕ НИЕ И НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА! ЧЕБРЕН МОРА ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИ И МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ НЕЈЗИН ИНВЕСТИТОР ХЕЦ ТИКВЕШ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОДАРУВА!, велат во повикот македонски инженери.