Посебна група на луѓе кои овој занает го држат во „малиот прст“ можат да заработат и до 7.000 евра месечно. Сè повеќе се бараат оние кои се занимаваат со заварување, а поради немањето стручни лица во оваа работа, малкумина што останаа се многу добро платени.
Фирмите кои се занимаваат со некое сериозно заварување, платите таму се движат од 1.000 до 2.000 евра, што зависи и од вештината на заварувачот, а на запад платата е најмалку три пати поголема.
Оние кои се занимаваат со оваа работа две децении истакнуваат дека заварувањето не е физички напорна работа, тоа е малку психички тешка работа, бидејќи низ маската се гледа во една точка целото работно време, колку и да трае.
Голем број луѓе се плашат од некои болести кои доаѓаат со оваа работа, но во 21 век во кој живееме постои опрема каде што човекот е толку заштитен што личноста зад лаптопот во канцеларија е во поголеми проблеми од заварувачот.
Практичната обука е неопходна за идните инженери, без разлика дали тие ќе ја вршат работата, од големо значење е да знаат како изгледа технолошки исправно заварување.
Еден од заварувачите тврди дека оваа работа освен добра плата нуди и можност за креативност, а во последно време голем број жени се одлучиле за оваа професија.