Домаќинствата и малите потрошувачи почнаа да штедат струја

Домаќинствата и малите потрошувачи во последните четири месеци од минатата година ја зголемиле заштедата на електрична енергија, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши преку објава на својата Фејсбук страна.

Заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачив о месец декември 2022 година изнесува 17 отсто, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто, во октомври  17 отсто, а во септември 2022 година – 9 отсто.

Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 проценти заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата, потенцираше Бектеши.

Advertisements