Донесена е одлука: граѓаните ќе добијат зголемување на минималната плата за 2.175 денари

Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата со мартовската исплата, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Со ова зголемување, минималната плата ќе изнесува 20.175 денари.

Официјализирањето на износот на зголемување следува по денешната одлука на Економско социјалниот совет, кој одржа седница во Владата.

Advertisements

„Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата. По 2017 година грижата за вреднување на трудот на работниците стана приоритет за Владата и затоа се пронајде решение за системско покачување на платите со кое само за шест години минималната плата се удвои и сега изнесува 20.175 денари“, вели вицепремиерот Битиќи.