Една од најголемите компании во светот „Дојче Бан“ бара работници, не мора да знаете германски јазик – еве кои профили им се потребни

Националната железничка компанија на Германија „Дојче бан“ ( Deutsche Bahn – DB) годинавa планира да вработи 25.000 работници.

Околу 9.000 работници ќе бидат распоредени на нови работни места, пишуваат германските медиуми.

„Дојче Бан“ е втора по големина транспортна компанија во светот, по германската поштенска и логистичка компанија Deutsche Post/DHL, и е најголемиот железнички оператор и сопственик на инфраструктура во Европа.

Advertisements

Компанијата планира стимулации, како мобилно работење во други европски земји и подобрени системи за смени се наменети за привлекување нови вработени.

Според директорот на компанијата, целта е да се подобри квалитетот на бизнисот, да се удвои бројот на патници и да се изврши генерален ремонт на делумно дотраената инфраструктура.

Германскиот јазик, кој попречува многу работници од странство при вработување, се чини дека не е потребен на одредени работни места.

„Во иднина ќе се носат се повеќе квалификувани работници од странство, на пример од јужна Европа, многу балкански земји и Турција. Во секој случај, англискиот е во подем како работен јазик, особено во ИТ секторот“, изјави директорот на „Дојче Бан“ за германските медиуми.

Најавеното регрутирање работници е вистински предизвик со оглед на недостигот на квалификувани работници во Германија. Според директорот, „пазарот на труд стана позатегнат и поконкурентен“.

Во 2023 година, тие сакаат да ги вработат следниве профили: 5.500 приправници и студенти, 4.200 специјалисти за одржување на железнички и шински возила, 3.000 работници за надзор на градежни проекти и градилиште, 2.100 машиновозачи, 1.600 диспечери, 2.200 вработени во железничката служба и 2.000 ИТ специјалисти.

На вработените во „Дојче Бан“ им се нудат различни поволности. Тие од пролетта нудат попусти за патување за вонбрачните партнери на нивните вработени.

„Дојче Бан“ отвори околу 5.000 нови работни места во 2022 година. Со оглед на недостигот на работници во Германија, компанијата ќе се обиде да донесе работници од странство.