Европската централна банка ги зголеми каматните стапки – ќе поскапат кредитите

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, повторно за 50 базични поени, или 0,5 отсто.

Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат три отсто, на операциите за главно рефинансирање 3,5 отсто и на маргиналните кредитни капацитети 3,75 отсто.

Порастот на клучните каматни стапки на ЕЦБ се одразува и на трошоците за задолжување. Имено, поради оваа одлука ќе се зголемат стапките на Еурибор, што автоматски влијае на зголемувањето на ратите на кредитите во евра за кредитокорисниците.

Advertisements

Зголемувањето на каматните стапки ќе ги погоди речиси сите должници на кредити, кои главно се договорени со променлива каматна стапка.