Евростат: Над 55 домаќинства во Македонија не можат да си платат одмор од седум дена надвор од државата

Повеќе од половина од домаќинствата во Македонија не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од земјава, покажува анализата на статистичкиот портал „Langeist“, базирана на податоци од Евростат.

Со 55 отсто од домаќинствата кои не можат да си дозволат седумдневен одмор надвор од државните граници, Македонија е позиционирана меѓу земјите во Европа чиј најголем дел од семејствата не можат да си платат еднонеделен годишен одмор во странство.

Во Албанија, 58,3 отсто од домаќинствата не можат да си дозволат годишен одмор, Црна Гора со 67,2 отсто и Косово со 69,5 проценти.

Advertisements

Во пошироки регионални рамки, анализата на порталот „Langeist“ покажува дека 60,8 отсто од домаќинствата во Турција и 62,5 проценти од оние во Романија не можат да си платат еднонеделен годишен одмор во странство.

Процентуално, од регионот најголем дел од семејствата кои можат да си дозволат годишен одмор надвор од земјата се од Хрватска (41,7 отсто), потоа Србија со 43,6 проценти, Бугарија со 43,8 отсто и Грција со 48,8 проценти.