(ФОТО) Лебот не е луксуз, ќе го продаваме по 33 денари и да сме во зијан!

Лебот е потреба, не е луксуз не можеме да си дозволиме во време на инфлација да ги оставиме луѓето без леб ако се имаат предвид зголемените трошоци пред се на пензионерите кои со мали примања плаќаат за струја за лекови, уште ако плаќаат и кирија ќе немаат да си купат леб, вели Велика Карагонова Созуер, сопственичка на пекарата „Cake&Bake“ во Гевгелија која се одважи во ова кризно време и реши да ја испочитува владината одлука за замрзнатата цена на лебот од 33 денари.

На нашето прашање дали се соочува со притисоци од конкуренцијата, сопственичката на „Cake&Bake“ вели дека нема проблеми, освен што некои прошириле лажни вести дека нивниот леб е со помала грамажа, што не било точно, затоа што нивната пекара произведува стандарден бел леб кој се продава по 33 денари.

 

Таа вели дека со инфлацијата им се зголемени трошоците, но сепак за да им излезат во пресрет на граѓаните решиле и по цена да нема заработувачка да го продаваат лебот по замрзната цена, а истовремено и го зголемиле производството.

Advertisements

Сопственичката Карагонова Созуер ни објасни дека по еднодневната пауза вчера одлучиле дека интересот на граѓаните е најважен и затоа утрово на рафтовите имало леб по замрзната цена.

„ Нема да ги оставиме граѓаните без леб во ова кризно време и ќе продолжиме да го продаваме белиот леб по цена од 33 денари“, порачуваат од гевгелиската пекара.