Стопанската комора на Северозападна Македонија побара нови мерки од Владата во насока на ублажување на одливот на работна сила во регионот.
„Приоритет треба да биде либерализација на трудот со некои земји од регионот, бараме либерализација и со Косово. Да се зголемат квотите, имаме недостиг на работна сила во хотелиерството, туризмот и градежништвото. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале 15.000 студенти. Минималната плата ја имаме поддржано и настојуваме средната плата да се покачи. Бараме да се намалат придонесите од Владата за да може да се зголемат и средните плати за да ублажиме колку толку работна сила да не заминуват во страство. Придонесите се прогресивни и затоа бараме да бидат намалени за да може да ги покачиме платите“, рече потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.
Тој рече дека лани во Струга и во Охрид биле затворени ресторани поради недостиг на работници.
„Пријавите во Агенцијата за вработување да се вклучат во работната сила. Во градежништвото веќе почнаа да доаѓаат од Непал и од Турција. Ќе сме принудени да увезуваме такви кадри. Најголем проблем е работната сила и тоа ќе биде уште поголем проблем во следните години. Членките во Комората се жалат дека никој не се јавува на оглас. Во мојата компанија ни фалат многу работници и имаме нон-стоп отворени огласи“, рече Ќура.
Комората бара да се престане со замрзнување на цените и да се интервенира со активирање на државни резерви, со намалување на даноците и со намалување на ддв-то.