КАМ со важно известување до потрошувачите

Се огласија од КАМ Маркет по информациите што се појавија во јавноста за производите на Bella Farm, истакнувајќи дека урдата не е прогласена за небезбедна и не е повлечена од продажба.

Од страна на надлежните институции производот урда Bella Farm не е прогласен за небезбеден, не содржи растителни масти, ниту е повлечен од промет.

Воедно, ја информираме јавноста дека производите од брендот Bella Farm, вклучувајќи ги урдата и сирењата кои се продаваат во маркетите КАМ, се редовно контролирани и се наоѓаат во слободна продажба.

Досега не е донесена одлука за нивно повлекување од пазарот, ниту пак е утврдена опасност по здравјето на потрошувачите од страна на надлежните органи.

За сите информации поврзани со безбедноста и квалитетот на производите, граѓаните треба да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните институции.