Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, на својот фејсбук-профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат 10 % во наредниот период.
„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво, кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата ‘Гарантирана цена’ со намалување на цените од минимум 10 %!“, пишува Бектеши.
„Благодариме на поддршката“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.
И неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август.
Овие производи задолжително треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува„гарантирана цена“.