Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад.
„Во овој момент немаме информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Знаете дека кај нас се утврдуваат од Бирото за судски вештачења, па одат во Влада, па потоа одат на јавен оглас каде што можат да се наддаваат за цената“, рече Ѓоргијев.
Тој додаде дека има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу.
„Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад“, рече Ѓоргијев.