Ќе поскапат ли јајцата пред Велигден? – ќе има нова одлука од понеделник

Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, јави ТВ Телма.

Како што информира телевизијата најверојатно  претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и  млечните производи, туку ќе се замрзне  цената по која јајцата во моментов  се продаваат.

„Производителите  кои ги контактираше Телма велат дека за нив е прифатливо  да се ограничи сегашната сума и пред Велигден да не може да има поскапувања,  а секој кој смета  дека може нека ја намали и  дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот  е  незивесно.  Надлежните се уште ги разгледуваат анализите. И граѓаните сметаат дека намалување треба да има и кај другите продукти“, објави Телма.

Advertisements