Колку изнесува просечната плата во Хрватска? – најнови податоци од државната статистика

Хрватската државна служба за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна нето плата во Хрватска во декември 2023 година изнесува 1.191 евро.

Тоа значи дека платата исплатена пред два месеца е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември.

Просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,9 отсто, а реално за девет отсто во однос на декември 2022 година, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Advertisements

Во декември минатата година, највисока просечна нето плата е исплатена во областа на производство на кокс и рафинирани нафтени деривати и изнесува 1.795 евра, а најниска во производството на облека, 739 евра.

Просечната хрватска нето плата за декември била 1.005 евра, што значи дека половина од вработените заработиле помалку од таа сума.