Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена пониска за четири денари, најави Регулаторната комисија за енергетика.
Споредено со цените на горивата од последната одлука на РКЕ од 7 декември, со денешната одлука дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 77,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 79,5 денари за литар.
Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски , од полноќ намалување на цените ќе има и кај екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Или тројно повисоки дневници или никој да не работи!
Кузеска: Антикорупциска да ја повлече одлуката за директорот на АНБ, скандалозна е!
(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ од спасувачката мисија на Плитвичките езера
МОЌНИЦИТЕ во светот не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот - Вучиќ з...
Професорот Богојески ја повика Владата брзо и решително да ги заштити граѓаните и да го ст...