Ковачевски: Намалена е финалната цена на основните прехранбени производи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека во услови на висока инфлација во Европа, со мерките што се преземени намалена е финалната цена на основните прехранбени производи.

„Имавме замрзнување на цените на почетокот на кризата. Меѓутоа, доколку ја замрзнете цената под цената, под вкупните трошоци за производство на одреден производ, тогаш веднаш ќе се јави недостиг на пазарот. Затоа после мерката на замрзнување се оди на мерката на ограничување на маржите при што кога се направи мерката за ограничување на маржите, исто така, се преговараше со трговците и тогаш дел од трошоците коишто се сметаат за маркетинг трошоци и промоција и поставување во маркетите се тргнати од маржата и трговците практично имаат 5 проценти маржа за одредени производи и 10 проценти за други основни прехранбени производи без можност да калкулираат дополнителни трошоци коишто ја менуваат финалната цена. Така дојдовме до намалување на финалната цена на основни прехранбени производи во време на висока инфлација во цела Европа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали ќе има замрзнување на цените на производите.