Маркет казнет со 7.000 евра – продавал леб поскап од 33 денари

Државниот пазарен инспекторат казнил трговски објект со 7.000 евра затоа што не ја почитувал мерката за замрзнување на лебот на 33 денари, објави на својот Фејсбук профил директорот Горан Трајковски.

„Извршени се над 100 надзори и контроли, повеќето трговци ги почитуваат Одлуките, освен еден економски субјект, каде е утврдено дека е прекршена Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, за што е издаден прекршочен платен налог во вредност од 7000 евра за правното лице и 350 евра за одговорното лице.

Инспекторите и понатаму се на терен и вршат контроли по основ на Одлуките донесени од Владата“, пишува Трајковски на Фејсбук.

Advertisements