Министерката Гордана Димитриеска Кочовска им вети фер решение на сметководителите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска  неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа, јави МИА.

– Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите.

Таа ги покани да влезат и во архивата на Министерството да ги остават сите документи. Протестот се одржува пред Министерството за финансии.

Advertisements

Сметководителите повторија дека бараат оние што се времено избришани од регистарот да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024-та и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.

ФОТО: МИА