Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за тоалетната хартија, влажните марамици, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки.
„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, рече Бектеши.
Тој кажа дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Нова инвестиција на компанијата „Костал“ вредна 50 милиони евра, ќе се вработат и 250 рабо...
Европол во акција на Балканот уапси 11 шверцери на кокаин
„Владата на СДСМ даваше кредити со камата од 1,6 отсто“ - Филипче негира дека унгарскиот к...
ЕУ му подари шест еколошки автобуси на ЈСП
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...