МТСП: На ниту еден работник во март нема да му биде исплатена плата помала од 20.175 денари

Министерството за труд и социјална политика(МТСП) известуи дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март. Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година, велат од МТСП.

Од министерството посочуваат дека износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година, беше усвоен на Економско социјалниот совет одржан на 13.03.2023 година.

„На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде иплатена плата помала од 20.175 денари“, велат од МТСП.

Advertisements

Реакцијата на МТСП следува откако од Сојузот на синдикатите на Македонија побараа Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари.