Управата за јавни приходи(УЈП) денеска соопшти дека најмладиот милионер по приходи во 2021 година имал осум, а најстариот 96 години.
„Во категоријата „Најмлад и најстар милионери“, лице кое во 2021 година имало осум години остварило доход од 1.020.508 денари (16.578 евра), по основ семејна пензија, а 96-годишно лице остварило доход од 1,2 милиони денари и кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен по основ на пензија“, изјави Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
На врвот на листата на даночни пријави во 2021 година е скопјанец со годишен бруто приход од 244,2 милиони денари, од кои најголемиот дел е од плата и дополнителни приходи од странство врз основа на други лични примања.
Највисоката годишна бруто-плата во Македонија во 2021 година ја добил жител на Скопје и изнесува 122,3 милиони денари, остварена во трговијата на големо со тутунски производи.